Човечки останки пронајдени во планинската област каде што исчезна актерот Џулијан Сендс

Од:

Планинарите пронашле човечки останки во планинската област во Јужна Калифорнија каде актерот Џулијан Сендс исчезна пред пет месеци, соопштија властите.

Телото, кое беше откриено во планинската пустина во саботата во близина на планината Балди, беше однесено за идентификација, се вели во соопштението на шерифот на округот Сан Бернардино, но деталите засега не се достапни.

Сендс, страстен планинар, исчезна на 13 јануари додека се искачуваше на врвот висок 3.048 метри, источно од Лос Анџелес.

„Продолжуваме да го чуваме Џулијан во нашите срца со убави спомени за него како прекрасен татко, сопруг, истражувач, вљубеник во светот на природата и уметноста, како и оригинален изведувач“, се вели во соопштението од неговото семејство.

Сендс (65), актер роден во Британија, е најпознат по улогата во филмот „Соба со поглед“ од 1985 година. Оженет е со новинарката Евгенија Читковиќ и има три возрасни деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Катерина Ѓуровски

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски

Актерот Роберт Патинсон и неговата партнерка Суки Вотерхаус наскоро ќе станат родители

Горан Наумовски

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Планинар починал на Пелистер