Планинар починал на Пелистер

Од:

Планинар починал во близина на месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер. Според првичните сознанија, како што информира Центарот за управување со кризи, се работи за повозрасно лице од Скопје со иницијали А.С.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е известена Дирекцијата за заштита и спасување од Битола која има тим за интервенции во планински услови за телото на починатиот да се транспортира до локација каде може да дојде возило на Итна медицинска помош бидејќи планинарот е најден на околу 2.000 метри надморска височина.

За подобра координација, од ЦУК е направен контакт меѓу дежурните лица во СВР Битола и ДЗС Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид.

Би можело да ве интересира

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

Планинар изгубен на Пелистер, акцијата во тек

Предраг Петровиќ

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Загина планинар кој падна во длабока провалија на територијата на Општина Маврово-Ростуше

Горан Наумовски