Актерот Роберт Патинсон и неговата партнерка Суки Вотерхаус наскоро ќе станат родители

Од:

Актерот Роберт Патинсон, ѕвездата на филмскиот серијал „Самрак“, кој го прослави, и неговата долгогодишна партнерка Суки Вотерхаус наскоро ќе станат родители и двајцата за прв пат ќе бидат во оваа улога.

Среќната вест актерот и пејачката ја соопштија за време на настап. Иако долго време се шпекулираше дека парот кој е вљубен веќе пет години чека бебе, веста дури сега е официјално потврдена.

„Решив да облечам нешто дополнително светкаво денес за да се обидам да ви го одвлечам вниманието од нешто друго што се случува. Не сум сигурна дали успеав“, се пошегува Суки додека ја отвораше јакната и покажа на трудничкиот стомак.

Гласините за бременоста се појавија минатиот месец, кога парот се појави на доделувањето на GO Awards во Лос Анџелес.

Тие се заедно пет години, но врската ја кријат од очите на јавноста, па ги криеја и првите месеци од бременоста. На почетокот на оваа година почнаа да живеат заедно.

Би можело да ве интересира

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Загина бремена жена откако автомобил излета од патот во кањонот на Ибар

Познатиот актер проговори по сообраќајната несреќа: „Фала му на Бога што никој не загина“

Актерот Дени Мастерсон осуден на 30 години затвор за силување на две жени

Почина актерот Роберт Свон

Човечки останки пронајдени во планинската област каде што исчезна актерот Џулијан Сендс

Горан Наумовски