76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Од:

МВР го потврди идентитетот на починатиот планинар на Пелистер. Се работи за скопјанецот С.А. (76) за кој се верува дека починал од срцев удар на Пелистер.

Од МВР велат дека на 19.11.2023 година во 12.30 часот во Битола СВР било пријавено дека во близина на местото викано „Љубовница“ на Баба Планина било пронајдено починато лице.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Битола при што било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинската група која се движела кон Пелистер.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицина помощ Битола. На местото на увидот, увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е испратено на обдукција“, информираат од МВР.

Тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола. Станува збор за искусен планинар. Пријателите со кои бил, побарале помош, но поради непристапноста на теренот, не можеле да го извлечат телото.

Тие се наоѓале во близина на Ловечка куќа на надморска висина од околу 2.000 метри.

Би можело да ве интересира

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Целосно e изгаснат пожарот на Пелистер

Под контрола пожарот кај Пелистер, пожарникарите спречуваат ширење кон шумата

Горан Наумовски

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

Почина норвешкиот крал Харалд