Почина демонстрант во Париз

Од:

Еден демонстрант почина за време на протестите во Париз, откако му се слоши на булеварот „Мажента“, кој бил дел од трасата на маршот, соопшти денеска француската полиција.

Други демонстранти го однел до медицинскиот центар „Шато д’О“ (Château d’Eau), каде што тој почина непосредно пред влезот, пренесува BFMTV.

Во своето најново соопштение, париската полициска префектура наведе дека смртта настапила како последица на кардиореспираторен застој.

Од префектурата исто така информираа дека во француската престолнина биле приведени 855 лица, што претставува рекорден број.

Во меѓувреме, префектот на департманот Горна Виен (Haute-Vienne), Морис Барат, соопшти дека пожарот во градското собрание во Лимож е ставен под контрола.

„Пожарот е подметнат намерно“, изјави Барат, осудувајќи го чинот и критикувајќи ја „дивјачката хорда“ одговорна за пожарот, кој предизвика сериозна штета на општинската зграда од 19 век.

Во Лимож, за време на демонстрациите биле приведени 17 лица, меѓу кои и седум малолетници, изјавија од локалното обвинителство за BFMTV, пренесува Танјуг.

Отворена е истрага за „уништување имот со употреба на опасни средства од страна на организирана група“.

„На маргините на собирите беа нападнати и некои граѓани. Процесот на идентификација на жртвите ќе се спроведе што е можно поскоро“, соопштија од обвинителството. Во саботата, низ цела Франција избувна насилство за време на најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот.

Француската влада извести за „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците во француските градови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Франција: Фрлени димни бомби, демонстранти упаднаа во полициска станица

Горан Наумовски

Почина Билјана Плавшиќ

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски