ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Од:

66-годишен човек кој со пријател отишол на планинарење на Палчковица залутал на планината вчера попладне. Случајот бил пријавен на 112 во ЦУК, а човекот, еден час пред полноќ, го извлекле доброволци од спасувачката служба “Осогово“.

Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата, прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа информираше ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од членовите на доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани. Поради подолгиот престој на студено време во планината, човекот од спасителите бил згрижен и прво затоплен, а потоа и безбедно спуштен до с.Зрновци, каде што имало возила на Полиција и на Итната медицинска помош од Кочани.

Би можело да ве интересира

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11