Авионот со потпретседателот на Малави Саулос Чилимо и уште девет лица исчезна, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.
Авион на одбранбените сили на Малави „исчезна од радарите“ откако го напушти главниот град Лилонгве во понеделникот наутро, се додава во соопштението.
Претседателот нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да остварат контакт со екипажот на авионот.
Авионот требало да слета на меѓународниот аеродром Мзузу, на северот на земјата, нешто по 10:00 часот по локално време (11:00 часот БСТ).
Откако бил информиран за инцидентот, претседателот на Малави Лазарус Чаквера го откажал планираниот лет до Бахамите.