Бројот на починати од ебола во западна Африка достигна 961 лице

Од:

Бројот на починати од ебола во западна Африка, со 29-те нови смртни случаи од 5 и 6 август, достигна 961 лице, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од британските медиуми.

Регистрирани се 68 нови случаи на заболувања, со што вкупниот број достигна 1.779. Четири од новите случаи на заболени од хеморагичната треска се во Нигерија, која од неодамна стана сериозно зафатена земја со оваа болест.

Во Гвинеја, каде почна нејзиното ширење, нема нови регистрирани случаи на заболени.

Четири лица починале во Гвинеја, еден во Нигерија, 12 во Сиера Леоне и 12 во Либерија.

-Болеста веројатно во следните месеци ќе продолжи да се шири, изјави заменик генералниот директор на СЗО, Кеиџи Фукуда.

Шпанската мисионерка, која вчера беше префрлена во Шпанија, заедно со свештеникот заразен со вирусот ебола, се чини не е носител на вирусот, соопштија санитарните власти, цитирани од француските медиуми.

„Вчерашните испитувања се покажаа негативни и истите ќе бидта повторно по четири дена“, посочи универзитетската болница „Ла Пас“ во Мадрид, на која и е наредено да ја следи состојбата на двајцата мисионери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска