Британскиот премиер Борис Џонсон стравува од можна независност на Шкотска

Од:

Велика Британија е „најголемото политичко партнерство“ во светот, но не би било исто ако некој од нејзините членови реши да замине, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон во услови кога се повеќе граѓани на Шкотска сакаат осамостојување од британската круна.

Според британскиот премиер, „Унијата на Велика Британија“ е одличен историски проект и најголемо партнерство кое некогаш постоело во светот.

Тој изрази жалење што граѓаните на Британија очигледно не го ценат она што веќе го имаат, за разлика од оние што ја гледаат Велика Британија од страна, а кои се свесни дека во државата има одлични и професионални институции.

„Би било срамно да се изгуби моќта, магијата, на тој сојуз. Ние сме многу, многу посилни и подобри заедно отколку да бидеме поделени“, рече Џонсон.

Изјавата на британскиот премиер дојде како реакција на она што беше проследено изминатиов период, кога во јавноста кружеше старо – новата идеја за независна Шкотска.

Односите меѓу државите членки на Велика Британија – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска се веќе затегнати, до степен на влошување поради несогласувањето за начинот на менаџирање со пандемијата, особено за политиките кои беа спроведени на територијата на Шкотска.

Шкотската национална партија, која има најмногу места во шкотскиот парламент, сака да одржи уште едно гласање за отцепување од Лондон, но досега, британскиот премиер и Конзервативната партија на Велика Британија се остри противници на таа идеја.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници