Британската војска му оддаде почит на кучето – херој

Од:

Британската војска му оддаде почит на кучето, обучено за барање експлозив, кое загина во Авганистан, непосредно по загинувањето на неговиот војник, партнер.

Кучето од расата Спрингер шпаниел, по име Тео, постхумно е одликувано со медалот Дикин, највисокото признание за кучиња херои.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, Тео во Авганистан бил пет месеци заедно со помладиот војник Лијам Таскер, кој загинал  во судирите со авганистанските бунтовноци во март 2011-та година.

Тео починал неколку часа подоцна во британската воена база, како последица од стресот.

Медалот Дикин за храброст се доделува на животните од 1943-та година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски