Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Од:

Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува Скај њуз. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата.

Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломи Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив е пронајдено и телото на 36-годишна жена, за која постои сомневање дека била дел од исто семејство.

Главниот инспектор Крис Бургес, кој ја води истрагата, рече: „По овие случувања, единствено сме задоволни што никој друг не бил вклучен во инцидентот“.

„Оваа најнова информација само ќе ја зголеми вознемиреноста и шокот што го чувствуваат членовите на локалната заедница и затоа од самиот почеток сме решени да спроведеме темелна и методична истрага за целосно да разбереме како се случил овој инцидент“, рече инспекторот.

Нина Крисан изјави дека нејзиниот син познавал една од убиените девојчиња.

„Таа беше многу слатко и едноставно прекрасно дете“, рече таа и додаде „Оваа трагедија е голем шок за локалното население“.

„Ова е навистина блиска заедница. И сите ние, дури и ако не се познаваме директно, некако се познаваме преку децата или преку шетањето со кучиња“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски