Теодор Џордан официјално ја засилува кошаркарската репрезентација на Македонија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација и официјално ќе има ново американско засилување. Како што беше најавено од федерацијата, Џордан Теодор е планиран за новиот квалификациски циклус, а со одлука на Владата на Република Македонија доби македонски пасош, потврди селекторот Јорданчо Давитков.

Дваесет и седумгодишниот Американец актуелен член на турскиот тим Банвит на 5 јули ќе допатува во Македонија и по завршувањето на формалностите околу неговата документација ќе се стави на располагање на селекторот.

– Теодор и официјално е Македонец, откако пред два дена помина на седница на Влада на РМ одлуката за доделување пасош. Останува уште тој да допатува во Македонија на 5. јули, и да ги среди само формалностите околу документацијата за настап во македонскиот дрес, па веќе во Маврово да ни се приклучи на подготовките, изјави пред денешниот тренинг на репрезентацијата, селекторот Јорданчо Давитков.

Теодор, кој настапува на плејмејкерската позиција во мината сезона беше избран за МВП на кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА, а во текот на сезоната оствари просечни 15,9 поени и 7,7 асистенции по натпревар.

Американецот својата кариера ја започнал на универзитетот Сетон Хол, од каде се преселил во тимот на Анталија во Турција. Во својата кариера има настапувано и во тимовите на Мерсин, Бурже, Хуракан и во германскиот Скајлајнерс.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ