Борел: Европската Унија не може ништо, само САД можат да го запрат Израел

Од:

Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел синоќа изјави дека Европската унија не е во состојба да посредува во израелско-палестинскиот конфликт.

– Повикавме да се стави крај на конфликтот, но кој може да изврши притисок врз Израел? Само САД. Европа веќе подолг период не е способна за тоа, рече Борел во Мадрид, каде зборуваше во Институтот „Реал Елкано“ за неговата нова книга „Европската надворешна политика во време на Ковид-19“.

– САД се единствената земја што може да стави крај на овој конфликт, се разбира, ако сака, рече Борел, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден ја оправда интервенцијата на Израел во која од понеделникот се убиени 103 Палестинци, од кои 27 деца. Во исто време, седуммина Израелци беа убиени од ракетен напад на Хамас од Појасот Газа.

– Овој конфликт на Блискиот исток не е ништо ново, но светот гледа настрана, оцени Борел.

Израел ја отфрли надлежноста на Меѓународниот кривичен суд и одбива истрага за воени злосторства, ниту го признава повикот на Обединетите нации да го запрат ширењето на окупацијата со градење дополнителни еврејски населби. Иселувањето на Палестинците од нивната земја и куќи во источен Ерусалим минатиот петок доведе до последниот бран насилства.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот