Богатите Руси бегаат во Дубаи

Од:

Дубаи стана прибежиште за богатите Руси кои бегаат предсанкциите воведени од Запад поради војната во Украина.

Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), изјавија бизнисмени за „Би-Би-Си“.

Купувањето имот во Дубаи од Руси се зголемило за 67 отсто во првите три месеци од 2022 година. ОАЕ не воведоа санкции кон Русија и не ја критикуваа нејзината инвазија на Украина.

Абу Даби издава визи за Русите кои не подлежат на санкции, наспроти ограничувањата воведени од многу од западните држави.

Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле Русија во изминатите два месеци, иако нема точни бројки.

Руски економист изјави дека двеста илјади Руси ја напуштиле земјата во првите десет дена од почетокот на војната.

Агенцијата „Virtuzone“ што им помага на компаниите да започнат бизнис во Дубаи, бележи огромен прилив на руски клиенти.

„Од почетокот на војната, добивме пет пати повеќе барања од Русите“, изјави извршниот директор Џорџ Хоџи.

„Тие се загрижени за претстојниот економски колапс. Затоа тие се селат овде за да го обезбедат своето богатство“, вели тој.

Приливот руски граѓани ја зголемил побарувачката за луксузни вили и станови низ градот. Агенциите за недвижности известуваат за нагло зголемување на цените на недвижностите во мигови кога се поголем е бројот Руси кои пристигнуваат во Дубаи и бараат да купат станбени објекти. Агенцијата за недвижности „Betterhomes“ со седиште во Дубаи објавува дека во првите три месеци од 2022 година трипати е зголемен бројот купувањата недвижен имот од страна на руски државјани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

За година и пол повеќе од 150.000 Руси влегле во БиХ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски