За година и пол повеќе од 150.000 Руси влегле во БиХ

Од:

Оо почетокот на војната во Украина, сè поголем број руски граѓани ја напуштија таа земја.

Главна причина за тоа е стравот од мобилизација. Како што пишува Дневни аваз, тоа се одразува и на Балканот.

Кога станува збор за БиХ, руските државјани најмногу доаѓаат од Србија, Црна Гора и Турција, а крајна дестинација им се некои од земјите на Европската унија. Лани и во првите шест месеци од годинава во Босна и Херцеговина влегле 154.753 руски државјани.

Само оваа година до 1 јули во земјата влегле речиси 80.000 Руси.

Во моментов, во мигрантските кампови во Босна и Херцеговина има и голем број руски државјани.

Освен како транзитна рута, некои од нив решиле да останат во Босна и Херцеговина и да започнат бизнис.

Од почетокот на војната, само во Сараево се регистрирани триесетина фирми чии сопственици се од таа земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор