Би-Би-Си тврди дека има докази за употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Постојат докази дека воружените сили на сирискиот претседател Башар ал Асад употребиле хемиско оружје во борбите против бунтовниците и против цивилите, јави допсникот на Би-Би-Си од Сирија, кој е стациониран меѓу бунтовничките борци.

Според верзијата на Би-Би-Си, владините сили на 29 април наводно употребиле хемиско оружје за што докази му биле презентирани на дописникот на британската јавна медиумска компанија.

Како докази тој ги наведува наводните изјави на локални лекари и на припадници на опозициските сили. Инцидентот за кој Би-Би-Си тврди дека има докази, се случил во реонот на северниот град Саракеб.

Официјален Дамаск категорично ги демантира ваквите тврдења на бунтовниците и на Би-Би-Си.

САД од своја се внимателни во проценката на наводните докази на Би-Би-Си. Американскиот претседател Барак Обама неодамна изјави дека нема прецизни и независни докази за користење на хемиско оружје.

Вашингтон тврди дека евентуалната употреба на некое од оружјата за масовно уништување ќе биде „црвената линија“ преку која САД нема да може да преминат кога станува збор за меѓународна воена интервенција.

Ова не е првпат британските медиуми да тврдат дека во сириската војна владините сили користеле хемиско оружје „во ограничен обем“. Претходно и „Тајмс„ објави дека има докази за употребата на сарин, но ниту САД, а ниту ЕУ не го потврдија тоа.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град