Би-Би-Си: Неуспех на грчката полиција да го фати Абауд водачот на париските напади

Од:

Грчката полиција, во јануари годинава, покренала операција во Атина да го зароби џихадистот Абделхамид Абауд, но таа завршила со неуспех, тврди Би-Би-Си повикувајќи се на свој неидентификуван антитерористички извор.

Целта на операцијата била, тој да се најде и зароби, пред рацијата против исламистите и џихадистите во Белгија, планирана за 15 јануари, но тоа не се случило.

Не е јасно како и зошто, овој жител на Брисел, од мароканско потекло, успеал да им побегне на грчките безбедносни сили кои му биле на трага и кои верувале дека Абауд раководи со исламистичката ќелија во Белгија, преку мобилен телефон.

Грчките власти одбиле да ги коментираат откритијата на Би-Би-Си.

Познато е само дека два дена по изведената рација во Белгија, каде во престрелка биле убиени двајца тамошни џихадисти, на 17 јануари во Атина била изведена рација во двата стана во грчкиот главен град, што ги користел Абауд.

Грчката полиција уапсила еден Алжирец кој веднаш бил депортиран во Белгија, но не го откриле оној против кого била замислена целата операција. Тој ден белгиската полиција распишала потерница за пронаоѓање на Мароканецот, за кого рекла дека „верува оти се наоѓа во Грција“.

Абделхамид Абауд беше убиен од француските безбедносни сили, по терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 лица.

Во Франција се верува дека тој ги осмислил и ги одбрал терористите кои ги извршија нападите.

Сега е познато дека трагите од ДНК што грчката полиција ги има откриено во двата атински стана, биле идентични со трагите земени во Париз од мртвото тело на Абауд.

Француските власти сметаат дека овој белгиски Мароканец бил вклучен во четири од шест неуспешни терористички напади во Франција, од пролетва годинава, па до оние изведени на 13 ноември.

Во бегство се наоѓа Салах Абдеслам, а за него се знае дека на 1 август допатувал со ферибот во Грција, од Италија, но по три дена заминал. Двајцата бомбаши самоубијци, од парискиот стадион „Стад де Франс“ исто така престојувале на грчката територија.

Обајцата допатувале од Турција на грчкиот остров Лерос, прикажувајќи се пред властите, како сириски „бегалци“.

Би-Би-Си забележува дека операцијата за фаќање на Абауд пропаднала, затоа што европските земји се уште не можат заеднички да дејствуваат во вакви координарани, антитерористички операции.

„Доколку Абауд беше фатен во Атина, можеби немаше да се случат терористичките напади во Париз од 13 ноември“, констарира британската медиумска компанија.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Тројца повредени во напад со нож во Париз