Бесплатен градски превоз во Талин

Од:

Главниот град на Естонија Талин, на 1 јануари стана првата престолнина во ЕУ со бесплатен јавен превоз, во среда најави воведување на нови автобуси за да одговори на зголемената побарувачка.

Градскиот совет на естонската престолнина објави во среда дека од воведувањето на бесплатниот превоз значително пораснал бројот на корисници на јавниот превоз.

Приходите од продажбата на возните карти покривале само третина од трошоците од мрежата на градскиот превоз, па градските татковци решија да го направат превозот бесплатен, а покрај тоа и да го ограничат користењето на приватните возила во градот.

Градоначалникот на Талин Едгар Сависар е лидер на опозицискиот лев центар и еден од водечките критичари на владата на десниот центар.

За бесплатниот градски превоз треба да се купи посебна зелена карта по цена од две евра, а потоа да се персонализира по пат на интернет или во пошта.

Возењето не е бесплатно за туристите и лицата кои немаат престојувалиште во Талин.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он