Берлускони бара место во Парламентот на ЕУ

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони вели дека ќе се кандидира на избори во Европскиот парламент, бидејќи сака да се бори за обединета Европска унија, посветена на визијата на нeјзините основачи.

Берлускони говореше на викенд-конвенцијата на својата централно-десничарска партија ‘Форца Италија”,  која во последниве години забележа пад на популарноста.

Берлускони во саботата рече декa сака Европа да се врати во проектот на татковците на основачите, кои сакаа многу повеќе обединета Европа, Европа со само една надворешна политика, со само една одбранбена политика.

Тој рече дека со обединувањето на своите војски, Европа би можела да стане “светска воена сила” која би можела да седне “со другите воени сили на масата на која се одлучува судбината на светот”.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески