Барние: ЕУ има јасен став за Брегзит и временски план за преговорите

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска ја предупреди Велика Британија дека не сака земјата да остане без спогодба за Брегзит со 27-те членки на ЕУ. Предупредувањето беше упатено по парламентарните избори во Обединетото кралство, на кои конзервативците го загубија своето досегашно апсолутно мнозинство во Парламентот, пренесоа француските медиуми.

-Не знам кога дебатата за Брегзит ќе почне, но знам кога треба да заврши. Направете го максимално можното за да се избегне „no deal“ (немање договор), напиша Турск на својот налог на Твитер.

Очекувањата се дебатата за излезот на Обединетото кралство од ЕУ да почне во неделата од 19 до 25 јуни и да заврши кон крајот на март 2019 година.

-Ставот на Европската Унија за Брегзит и временскиот распоред за преговори се јасни, денеска изјави главниот преговарач на Унијата, Мишел Барние, истакнувајќи дека преговорите за разијдување треба да почнат дури кога Велика Британија ќе биде подготвена за тоа.

-Ајде сите да се фокусираме на постигнување на договорот, рече Барние, пренесоа британските медиуми.

Главниот преговарач на ЕУ ова го порача откако британската премиерка Тереза Меј го загуби мнозинството на вчера оддржаните вонредни парламентарни избори, што внесе поголема неизвесност во преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, напоменуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ