Барак Обама: Се уште не сум донел одлука за Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се уште не донел одлука за започнување на акција против Сирија, по хемискиот напад во кој сирискиот режим е обвинет дека убил безмалку 1.500 цивили, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Обама рече дека има висока сигурност дека сириските власти стоеле зад нападот, и дека САД се уште разгледуваат голем број опции за реакција.

– Видовме снимки кои не шокираа сите. Ова е предизвик на светот, не можеме да прифатиме свет во кој жени и деца и невини цивили масовно се убивани со гас. Ова ги нарушува нашите национални безбедносни интереси и ги прекршува добро воспоставените меѓународни норми. Светот има обврска да обезбеди спроведување на нормата против употреба на хемиско оружје. Не сум донел конкретна одлука за разните акции кои може да се преземат за да се спроведе оваа норма, но мојата армија и со мојот тим разгледуваат широк број на опции, изјави Обама во куси забелешки на почетокот на неговата средба со претседателите на Литванија, на Летонија и на Естонија во Вашингтон.

Обама го потенцира ставот на државниот секретар Џон Кери дека евентуалната операција против Сирија нема да значи распоредување на копнени сили, туку само акција да се спречи употребата на хемиско оружје, кое терористите може да го употребат и против САД.

– Во ниту еден случај не размислуваме за опција која ќе значи „чизми на терен“ или за долготрајна кампања. Гледаме опции за ограничен, тесен чин кој ќе обезбеди не само Сирија туку и светот да сфатат дека меѓународната заедница се грижи за спроведување на нормата за забрана на хемиски оружја. Разбираме дека нема само воено решение за конфликтот и трагедијата која се случува во Сирија, изјави Обама.

Поранешниот претседател Џорџ В. Буш, во разговор за телевизијата Фокс, изјави дека Обама има тешка одлука која мора да ја донесе.

– Јас не сум голем почитувач на господинот Асад. Тој е сојузник на Иран и има направено проблеми. Претседателот има пред себе тешка одлука која треба да ја направи, и ако ја направи, ќе ја има најдобрата армија на светот да го поддржи, истакна Буш, кој сепак не сакаше да даде препорака дали да се нападне или не Сирија.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја