Бајден: Русија ќе обиде да се меша во изборите во Европа

Од:

Русија претставува најголема закана за меѓународниот либерален поредок, изјави денеска во Давос американскиот потпретседател Џо Бајден, притоа обвинивајќи ја Москва дека ќе се обиде „да влијае врз претстојните избори во Европа, како што тоа го стори во САД“.

– Под власт на претседателот (Владимир) Путин, Русија ги користи сите инструменти со кои располага за да го поткопа европскиот проект, за да ги тестира несогласувањата меѓу западните земји и за да се врати кон политиката на сфери на влијание, изјави Бајден во говорот на Светскиот економски форум во Давос, кое е негово последно обраќање на важен меѓународен собир во својство на американски потпретседател.

Тој во обраќањето нагласи дека може да се очекува Русија да се обиде да се меша во демократските процеси во европските земји, имајќи предвид дека годинава претстојат избори во неколку клучни држави во Европа.

– Тоа ќе се случи повторно, ви ветувам. И повторно целта ќе биде иста: поткопување на меѓународниот либерален поредок, потенцира Бајден.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува