Австриската полиција се сомнева дека бугарско-унгарска мрежа стои зад смртта на имигрантите во камионот

Од:

Австриската полиција се сомнева дека бугарско-унгарска криминална мрежа за пренесување бегалци стои зад смртта на 71 имигрант, откриени во камион на австриската магистрала, изјави Ханс Петер Доскоцил, началник на полицијата во провинцијата Бургенланд.

Доксоцил истакна дека полицијата уапсила бугарски државјанин со либиско потекло, кој бил сопственик на камионот, уште еден Бугарин и маж со унгарски документи, кои најверојатно биле возачи на камионот.

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микел Лајтнер и претставници на полицијата денеска одржаа прес-конференција во Ајзенштат, главен град на Бургенланд, каде вчера беше откриен камионот со телата на 71 мигрант, од кои 59 мажи, осум жени и четири деца, вклучувајќи и двегодишно девојче.

На прес-конференцијата беше посочено дека жртвите најверојатно починале од задушување пред да влезат на територијата на Австрија, а конечен заклучок за ова се чека од експертите по судска медицина.

Потврдено беше дека камионот ладилник бил оставен на лентата за хаварии на магистралниот пат А4, најмалку 24 часа, пред да биде откриен.

Се препотставува дека поголемиот дел од починатите имигранти се Сиријци.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена