Асад ги обвинува САД, а Русија за виновник за нападот на сириската база го сметаат Израел

Од:

Во нападот на базата Т4 на сириското воено воздухопловство во провинцијата Хомс загинаа 14 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според директорот на опсерваторијата, Рами Абдурахман, поголемиот дел од загинатите во базата се Иранци или припадници на групата поддржана од Иран. Според АП, се работи за американска агресија, но Пентагон соопшти дека САД не извршиле никакви воздушни напади во Сирија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека два израелски авиони ја бомбардираа базата Т4 во Хомс. Во соопштението се наведува дека нападот е извршен од воздушниот простор на Либан.

Во меѓувреме, сириските медиуми пренесоа дека нападот бил извршен од израелски воени авиони Ф-15.

– Израелската агресија на аеродромот Т4 е извршена со авионите Ф-15, кој истрелаа неколку ракети од територијата на Либан, пренесе државната агенција САНА.

Во февруари во овој регион воздушни напади извршија израелските сили, меѓутоа, нивниот портпарол одби да коментира дали и овој пат Израел стои зад нападот. Локалните медиуми пренесуваат дека во тоа подрачје е забележано израелско шпионско летало. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно покажуваат како проектилите го прелетуваат Либан на патот кон Сирија.

Нападот на базата во провинцијата Хомс е изведен по наводниот напад со хемиско оружје во саботата во Источна Гута. Во тој напад загинаа најмалку 40 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди хемискиот напад во Сирија и наведе дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати висока цена за тоа. Трамп додаде дека во нехуманиот хемиски напад има многу жртви, вклучувајќи и жени и деца. Тој на Твитер го обвини и рускиот претседател Путин, како и Иран, за поддршката која што ја даваат на Асад.

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на САД, Доналд Трамп согласни се дека во нападот во Источна Гута на 7 април е користено хемиско оружје и дека ќе работат заедно за да откријат кој е виновен за тој напад. Во соопштението на кабинетот на Макрон се наведува дека тој и Трамп имале телефонски разговор во кој размениле информации и анализи за тој напад.

– Целата одговорност за овој напад мора да се открие, се наведува во соопштението.

Терористите на Исламска држава извршија напад врз позиции на силите на сириската влада по нападот на базата Т4, пренесоа локалните медиуми. Телевизијата „Ел мајадин“ пренесе дека спречен бил напад и во регионот на Себа-Биар. За сега нема податоци за жртви во редовите на војската.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски