Арапски држави вршат воздушни напади во Либија и ги изненадуваат САД

Од:

Два пати во последните седум дена, Египет и Обединетите Арапски Емирати тајно вршат воздушни напади против происламистичките милиции кои се борат за контрола врз либиската престолнина Триполи, потврдија високи американски претставници – што е опасна ескалација на една регионална битка за власт која доаѓа по Арапската пролет.

Американските претставници рекоа дека САД се изненадени од Египет и ОАЕ – и двете земји блиски воени сојузници и партнери – кој дејствуваат без да го информираат Вашингтон и работат зад грбот на админстрацијата на Обама. Египетски претставници ги изрично негираат пред американските дипломати дека нивната војска играла некаква улога во операциите, што е нов удар за веќе влошените односи меѓу Вашингтон и Каиро.

Воздушните напди врз Триполи се уште еден потег во борбата за власт која може да се дефинира вака: арапски автократи кои војуваат против исламистички движења кои се стремат да го соборат стариот поредок. По соборувањето од страна на војската на исламскиот претседател во Египет минатата година, новата влада и нивните подржувачи во Саудиска Арабија и ОАЕ започнаа кампања во целиот регион – во медиумите, политиката и во дипломатијата, и со вооружување на локалните марионети за да се спортивстават на егистенцијалната закана за својата власт, која ја гледаат во лицата на исламистичките организации, како што е Муслиманското братство.

Обединети против нив и поддржувајќи ги исламистите, нивни противници се Турција и Катар.

Според американски претставници, Египќаните и Емиратите се обединиле против исламистичките цели во Либија и претходно во минатото. Во последниве месеци, екипи од „специјалните сили“ кои дејствуваат од територијата на Египет, но веројатно  составени првенствено од поданици од емиратите, исто така успешно уништиле исламистички логор блиску до источнолибијскиот град Дерна, бастионот на исламистите.

Неколку извори во изминатите денови потврдија дека американските дипломати се бесни заради бападите, и се убедени дека интервенцијата може уште повеќе да го разжести либијскиот конфликт, додека ОН и западните сили се мачат да пронајдат мирно решение. Според изворите, владата на Катар веќе доставила оружје и подршка за исламистичките сили во Либија, така што новите удари претставуваат враќање на војната преку марионети кон директна интервенција. Тоа би можело да го засили и оруженот натпревар.

– Од наша гледна точка, тука нема ништо конструктивно, рече високо позициониран американски претставник.

Освен тоа, нападите се покажаа и како контрапродуктивни. Происламистичките милиции кои војуваат за контрола над Триполи, успешно го заземаа главниот аеродром неколку часа откако беа нападнати во вториот бран воздушни напади.

– Во секоја арена – во Сирија, Ирак, Газа, Либија, па дури и во Египет, таквата регионална поларизација – од една страна Саудиска Арабија и ОАЕ, од друга Турција и Катар, се покажаа како огромна сопка во меѓународните напори за решавање на секоја од тие кризи, рече Мишел Ден, од Фондот Карнеги за меѓународен мир, поранешна специјалистика за Блискиот исток во Стејт департментот.

Улогата на Египет, според американските претставници, била да обезбеди бази за нанесување на воздушните удари. Египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси и други египетски службени лица, објавија едногласно, но претпазливо формулирано соопштение за јавноста, одрекувајќи секаккво воено дејстување на египетските сили во Либија.

– Нема египетска авијација или копнени сили во Либија, и ниту еден египетски авион не учествувал во воена акција на територијата на Либија, рече Сиси, кој беше цитиран од националната агенција.

Во приватни разговори Египќаните тоа уште покатегорично од одрекувале, велат американски извори.

Според нив, емиратите кои се гордеат со едни од најефикасните воздушни сили во арапскиот свет, благодарение на американското оружје и обуки, им ја обезбедиле на пилотите, бомбардерите и на техниката за напади од воздух неопходната база за бомбардерите да го нападнат Триполи полетувајќи од бази во Египет. Не е јасно дали авионите и муницијата биле од американско производство.

Емиратите директно не ги коментираат нападите, но ниту пак го негираа учеството во нив. Вчера еден локаен весник ја објави изјавата на Ануар Гаргаш, државниот министер за надворешни работи кој ги нарече сите тврдења за улогата на емиратите во нападите за „диверзија“ заради свртување на вниманието од желбата на либијците за стабилност и отфрлање на исламистите. Тој рече дека тврдењата доаѓаат од групата која сакала да го искористи „плаштот на религијата за да си го постигне своите политички цели“, и дека населението ги открило „нивните лаги“.

ОАЕ понекогаш се смета за „помладиот партнер“ на Саудиска Арабија – која е регионален авторитет и доминантна сила меѓу арапските монархии во Заливот. Саудиските власти, кои ја црпат сопствената легитимност од пуританското разбирање на исламот, одамна стравуваат од заканата од други религиозни политички движења, посебно од оние добро организираните и масовни, како што е Муслиманското братство.

Но западни дипломати во регионот тврдат дека ОАЕ сега се многу поактивни и поагресивни дури и од саудијците по прашањето за неопходноста од искоренувањето на исламистичките движења во целито регион, можеби затоа што нивните лидери чувствуваат поголема внатрешна закана.

Ова прашање создаде невообичаено голем расцеп меѓу арапските монархии во Заливот, иако Катар застана на спротивната страна. Во жесток контраст со своите соседи, Катар ги прифати прогонетите исламисти во својата престолнина Доха, и ги подржува нивните фракции во регионот, вклучувајќи ги и тие во Либија.

За време на востанието против полковникот Муамер Гадафи во Либија пред три години, и Катар и ОАЕ играа активна улога, но секоја страна фаворизираше различни клиенти меѓу бунтовниците. Додека Катар подржуваше одредени исламисти, емиратите подржуваа одредени племиња или регионални милиции, вклучувајќи ги и милициите од западниот планиски град Зинтан, објаснува Фредерик Уехри, исто од Фондот Карнеги за меѓународен мир, кој е експерт за Либија и Персискиот залив.

Сопреништвото преку марионетите во Либија меѓу двете страни од заливот, според него датира уште од 2011 година.

Сега тоа се раширило и сега вклучува подршка за различни страни во конфликтот која се заканува да прерасне во граѓанска војна меѓу непријателските милиции во либијските градови, племиња и милиции.

Иако нивните идеолошки линии на разидувања се нејасни, емиратите ги подржаа своите зинтански клиенти во битката против исламистичките екстремисти, како што тие го нарекуваат Катар и неговите исламистички клиенти, и здружени во регионални и племенски групи во крајбрежниот град Мисрата се обединиле против другата страна. Повеќето тврдат дека борбата нема ништо заедничко со политичкиот ислам и дека е тоа обид да се спречи евентуална „контрареволуција“ во египетски стил.

Првите воздушни напади беа извршени пред околу една недела, при што беа поразени позициите во Триполи кои се контролирани од исламистички милиции. Бомбите имале различни цели, меѓу кои и мал склад за оружје и при кој, велат месните власти, тогаш загинале шест души.

Вториот напад бил извршен јужно од Триполи, во рабите часови на 22 август. Исламистичките милиции биле на пат да го заземат аеродромот од зинтанските милиции, сојузниците на ОАЕ, кои го контролираат од 2011 година, и можеби цела на нападите била да го забават нивниот поход.

Повторно пред разденување авиони бомбардирале ракетни постројки, воени автомобили и склад, сите контролирани од исламистички милиции. Најмалку десет луѓе загинале, велат локалните власти. Но само по неколку часа, исламистичките милиции целосно го зазеле аеродромот.

Одговорноста за воздушните напади на почетокот била загатка. И во двата случаи антиисламистичките сили, базирани во источна Либија и под команда на поранешниот генерал Халифа Хафтар, се обиделе да ја преземат одговорноста за нив. Но нападите кои биле ивршени во текот на ноќта и потоа, го надминуваат познатиот капацитет на силите на генерал Хафтар.

Просиламистичките милиции обединети под знамето на Либијска зора, побрзаа да ги предитрат Египет и ОАЕ, но тие не дадоа никакви детали, ниту пак докази.

Американските претставници по првиот удар изјавија дека имаа докази кои посочуваат кон емиратите, но на некои американски претставници им беше тешко да поверуваат дека тие ќе ризикуваат регионална реакција. Не беше јасно како војниците од ОАЕ би можеле да стигнат до Триполи без своја база во регионот, а Египет одрекуваше дека има било каква улога во тоа.

Но неодамна, американските претставници изјавија дека по вториот бран напади во текот на викендот обезбедиле доста докази за да се изведе закучок дека емиратите ги извршиле нападите, па дека дури и обезбедиле авиони и танкери за полнење на бомбардерите за да стигнат до Триполи од Египет.

На прашање од Њујорк тајмс, портпаролката на Стејт департментот одби да даде коментар.

„Не сум во позиција да дадам каква и да е дополнителна информација“, изјави Џен Псаки пред новинарите на брифинг во Белата куќа.

Њујорк тајмс – Њујорк

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски