„Амнести интернешнал“ го критикува системот на Унгарија за давање на азил

Од:

Во новиот извештај на организацијата за заштита на правата „Амнести интернешнал“, е наведено дека Унгарија се однесува лошо со кандидатите за азил и дека системот за давање на азил е направен со цел да ги враќа бегалците кои бараат закрила во друга земја.

Истражувањата на „Амнести интернешнал“ целосно ги потврдуваат консатациите на другите организации како „Хјуманс рајтс лоч“, кои се отфрлени од унгарската Влада.

Владинот портпарол Золтан Ковач изјави претходно дека тврдењата за полициско насилство врз мигрантите се „полни со лаги“ и дека сите пријави за насилство се разгледани.

„Амнести интернешнал“ исто така ја критикува Унгарија и за напорите да ги врати во Србија кандидатите за азил, кои се задржани на граница, и за „сложените процедури“, кои блокирале стотици кандидати за азил од српската страна на бодликавата ограда, која ја издигна Унгарија минатата година.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон