Американски сенатори побараа санкции кон Русија поради кибер нападите

Од:

Тројца угледни американски сенатори ги предупредија Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, дека може да се соочат со дополнителни санкции, поради хакирските напади и мешањето во претседателските избори во САД.

Републиканците Џон Мекејн и Линдзи Греам, како и демократатската сенаторка Еми Клобучар, побараа санкционирање на руското однесување во време на американските избори.

– Би рекол дека 99 отсто од нас сенаторите веруваме дека Русија го направила она за што ја обвинуваме и дека ние (САД) мора да реагираме, изјави за Си-Ен-Ен, сенаторот Греам.

Тој најави дека со овие санкции Москва ќе биде „тешко погодена“, а дека тоа осебно ќе се однесува за претседателот Путин.

На почетокот од овој месец функционери на ЦИА ги известија медиумите дека „постои голема сигурност“ оти руски хакери настојувале да предизвикаат пресврт во изборната трка во полза на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој ги отфрли таквите наоди на ЦИА, додека неговиот тим за транзиција ја обвини агенцијата за „партиска пристрасност“.

Тројцата сенатори сега објаснуваат дека е покрената иницијатива во Сенатот за обезбедување меѓупартиска соработка околу обвинувањето за хакирање.

Изјавата на сенаторите доаѓа непосредно по најавите во американските медиуми дека Администрацијата на претседателот Барак Обама може уште во текот на денешниот ден да соопшти мерки со кои се казнува руското однесување во изборниот процес на САД.

Со новите санкции се предвидени казнени мерки во економијата, но и промени во дипломатските односи.

Руското Министерство за надворешни работи веќе реагираше на најавата за нови санкции, соопштувајќи дека доколку дојде до еден таков „непријателски чекор“, Русија веднаш ќе реагира со контрамерки.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува