(ВИДЕО) Вучиќ: Сите во одбрана на Шабац

Од:

Голема вода што надоаѓа од БиХ кон Србија го вклучи дополнително црвениот аларм во Србија, посебно за одбрана на Шабац.

-Катаклизма се случува во цела Србија, ситуацијата е многу потешка од тоа што можеше да се претпостави, а претстои уште потешка состојба, рече премиерот на Србија Александар Вучиќ на седницата на Републичкиот штаб за вонредни ситуации.

470408_svilajnac-4-foto-goran-jevremovic_ff

Александар Вучиќ ги повика сите Срби да помогнат, посебно жителите на Белград организаирано од пред Сава Центар да тргнат кон Шабац. Во прашање се 10.000 куќи и штета од библиски размери, не сакам да помислам на човечки жртви, рече Вучиќ.

470531_poplave-reutersmarko-djuricaobrenovac-4_f

Според српскиот премиер потребна од помош од сите граѓани поради тоа што капацитетите на војската и полицијата се целосно исцрпени кои три дена се ангажирани на десетина локации низ Србија.

470409_svilajnac-3-foto-goran-jevremovic_f

-Цела Србија ќе остане без струја ако во Обреновац се крене нивото на водата за уште 30 сантиметри, рече Вучиќ.

470567_103376876447973256034428875244206915892765n_f

Гледам дека некои влади не разбраа за што се работи, овој пекол ќе трае 3 месеци. Нека не ни помагаат со доливање масло на огнот, кој сака нека помогне, кој не сака нека седи и молчи. И ЕУ нека не ни праќа по 10.000 евра, ако сака да помогне вистински, нека ни помогне како што треба.

Ни требаат уште хеликоптери и чамци, тоа ни треба, рече Вучиќ. Русија веќе испрати два авиони во Србија, а според најавите во текот на денот треба да пристигнат уште два авион со спасувачи и чамци.

Во тек се акции за спасување на луѓе на неколку места, качени на покривите од зградите кои речиси сите се поплавени до вториот кат. Од некои згради има јавувања дека пукаат и бараат што побрзо да пристигне помошта.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија