(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Со мислите сум во Србија

Од:

По победата над Милош Раониќ во Рим, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека со мислите е во својата држава и дека се обидува да биде во тек преку интернет.

-Целосната победа ја посветувам на народот во Србија. Навистина играм овде на турнирот, но мислите ми се насочени кон Србија, верувајте, заедно сум со своето семејство и народот. Ги следам вестите секој ден и се обидувам да пронајдам начин да помогнам, но знам дека не сум таму-изјави Ѓоковиќ за „Б92“.

Во текот на натпреварот тренерот на Ѓоковиќ, Борис Бекер носеше импровизиран беџ со натпис „Поддршка за Србија и Босна“, а по мечот Новак организираше акција во која со истиот натпис се фотографираше со луѓето во Рим.

-Имав план со својот тим и останатите играчи да направиме заедничка фотографија со сите луѓе и на тој начин да дадеме придонес и поддршка за луѓето во Србија. Сите знаеме каква катастрофа се случува и сите треба да бидеме заедно -наведе тој.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари