(ВИДЕО) Хаос на теренот во Израел: Арапските навивачи не ја почитуваа химната, домашните ги претепаа

Од:

Хаотични сцени во најелитните лига на израелскиот фудбал откако се судрија навивачите на Хапоел Бер Шева и Бнеи Сахнин.

Гостинските навивачи од Сахнин, целосно арапско население во Израел, не ја почитуваа израелската химна, по што домашните навивачи на Хапоел втрчаа на теренот и направија вистински хаос.

Навивачите на Бнеи Сахнин решија да седат за време на изведувањето на химната на Израел и го свртеа грбот. Домашните навивачи на Хапоел Бер Шева веднаш истрчаа на теренот и физички се пресметаа со гостите.

Епилог од навивачкиот конфликт беше апсењето на 12 приврзаници на Хапоел Бер Шева, и неколку повредени гости. Полицијата дошла на местото на настанот по прекинот на играта. Гостите биле тепани со шипки.

Откако се случи инцидентот, претседателот на Бнеи Сахнин Мухамед Абу Јунес нареди тимот да се повлече од теренот и да оди во соблекувалната. Натпреварот не продолжи, а Израелците од Хапоел Бер Шева бараат да биде регистриран со победа на домаќинот, бидејќи токму гостите се повлекоа во соблекувалната откако беа претепани нивните навивачи.

Двете екипи влегоа во сезоната со победа во првото коло, а ова е меч од второто коло кој беше прекинат уште пред да започне. Конечната одлука ќе ја донесе Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Израел.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут