Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Од:

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во Рафах се пронајдени 14 тела.

Во соопштението се наведува дека се пронајдени осум тела на персоналот на палестинската Црвена полумесечина, пет членови на Цивилната одбрана и еден вработен во агенција на ОН.

Девет членови на персоналот на Црвената полумесечина се исчезнати откако пред една недела беа под израелски оган во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, објави Ал Џезира.

Еден член од персоналот на палестинската Црвена полумесечина се уште се води како исчезнат.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија