Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Од:

Германскиот тенисер Саша Зверев беше фрустриран по поразот од Данило Медведев во полуфиналето на Австралија опен.

Зверев водеше со 2-0 во сетови, во тајбрејкот на третиот сервираше на 5:4, но Русинот магично се врати и направи пресврт.

Саша зад себе имаше навистина добар турнир, а пред Мелбурн го освои Купот на Јунајтед со Германија.

„Во суштина, играв прилично добро за целата австралиска турнеја. Играм добро веќе неколку месеци, така што очигледно сето ова е крајно разочарувачки“, рече Зверев, додавајќи:

„За мене е поразочарувачки што ги загубив двата поени при 5:4 во тајбрејкот од третиот сет. На 5:5 тоа беше чиста несреќа.

Тој уште еднаш истакна дека веста од Германија за закажаното судење за наводното насилство врз неговата поранешна девојка не влијаела на него.

„Не, затоа што го кажав тоа претходно. Секој со полупросечно ниво на интелигенција разбира што се случува. Се надевам дека и повеќето од вас го разбираат тоа. Јас сум добро со тоа“.

Тој истакнува дека првпат во кариерата бил поразен поради замор и физичка кондиција, а не поради квалитетот на неговиот тенис.

“Тоа е фрустрирачки. Уште повеќе затоа што не бев 100 проценти физички подготвен. Играв добро во Австралија. Изгубив поради мојата физичка кондиција, а не поради мојот тенис. Тоа е разочарувачки за мене. Тоа е веројатно првпат во мојата кариера тоа се случи. Горд сум на себе затоа што направив се што можев. Бев фокусиран, но работите се случија надвор од моја контрола. Се надевам дека ова не беше мојата последна шанса“, заклучи Саша.

Медведев во финалето ќе игра против Јаник Синер.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

Алкараз: Секој меч со Зверев е голема битка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он