Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

Од:

Русинот Даниил Медведев се пласираше во финалето на Австралија опен по неверојатен пресврт.

Медведев надополни два сета заостанување и го совлада Александар Зверев со 5:7, 3:6, 7:6 (4), 7:6 (3), 6:3.

Ова е негов втор пресврт во Мелбурн со 0-2, по Финецот Емил Русувори во второто коло, а четврти во кариерата.

Медведев за титулата ќе се бори во Мелбурн со Јаник Синер кој го симна од тронот Новак Ѓоковиќ.

Тоа ќе биде нивна десетта средба, а Русинката води со 6-3. Сепак, Италијанецот ги доби последните три натпревари – финалето во Пекинг (2-0), финалето во Виена (2-1) и полуфиналето на завршниот Мастерс (2-1).

Во своето трето финале во Мелбурн, Медведев ќе се бори за својата прва титула, а втор Грен слем во кариерата. Синер првпат е во финалето на ГС.
Финалето на Австралија опен е во недела во 9:30 часот по наше време.

Би можело да ве интересира

Медведев: Зад протестите во Грузија видливо е американското влијание

Медведев: Макрон и другите лидери на западните земји се спонзори на терористичкиот напад

Медведев: Уништување на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Оние кои вандализираат гласачки кутии се предавници и треба да бидат казнети

Медведев предложи мировна формула за Украина: Безусловна капитулација

Горан Наумовски

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев