Зидан на средба со амбасадор на Манчестер Јунајтед во Абу Даби

Од:

Фотографија на француската легенда Зинедин Зидан во „Инстаграм“ предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Тој се појави во кадар со својот поранешен соиграч во репрезентацијата на „петлите“, Микаел Силвестер, откако двајцата одмараат во Абу Даби.

Интересно е дека Силвестер е глобален амбасадор на Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ се споменуваат како следната дестинација на Зизу во тренерската кариера. И оваа фотографија ги поттикна колегите од англиските медиуми да пишуваат дека неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ е завршена работа.

Фотографијата ги натера и обложувалниците на Островот да го направат поранешниот тренер на Реал Мадрид како трет фаворит за преземање на жешкото столче во Јунајтед. Пред него се Маурисио Почетино, кој сега ги води Тотенхем, и актуелниот тренер на тимот Оле Гунар Солскјер, кој сепак е само привремена варијанта до крајот на сезоната.

Понатаму во сметките се имиња како Масимилијано Алегри, Диего Симеоне и Антонио Конте, но ангажирањето на некој од нив изгледа се помалку веројатно, а очигледно ќе се избира од редот на првите тројца фаворити.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ