Во Турција уапсени повеќе од 100 навивачи

Од:

Во голема полициска акција во Истанбул приведени се повеќе од 100 навивачи за кои турската полиција доби сознанија дека учествувале во нередите на неделното дерби Бешикташ – Галатасарај.

Освен навивачи на овие два клуба приведени се и помал број навивачи на третиот голем истанбулски фудбалски клуб, Фенербахче.

Натпреварот беше прекинат при резултат 2:1 за Галатасарај, по што следуваа големи судири меѓу полицијата и навивачите.

Турската фудбалска федерација го казни Бешикташ со четири натпревари на домашен терен без присуство на публика, како и парично со 25 илјади евра.

Инцидентот на дербито директно влијаеше да реагира и турската влада чии претставници ветија почеток на борба со хулиганите, а како опција се најавуваат ригорозни мерки меѓу кои и можност за изрекување казна на самиот стадион која може да биде и затворска.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ