Во Прилеп викендот балкански куп во параглајдинг

Од:

Прилеп овој викенд првпат ќе биде домаќин на параглајдинг купот „Prilep Open 2014“.

Со овој куп, нагласи на денешната прес-конференција градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, се промовира локацијата  кај Трескавец како атрактивна за параглајдерство.

– На овој балкански куп се пријавени  60 натпреварувачи од пет земји кои ќе учествуваат во овој параглајдинг куп во дисциплина прецизно слетување. Освен натпреварувачките дисциплини особено  атрактивно ќе биде слободното  летање и тандем летовите  за посетителите. Голема благодарност до УСАИД кои овозможија да се промовира слетиштето кај Трескавец, рече Ристески.

Организатори на купот се спортските клубови  Skyriders,  Delta  и општина Прилеп заедно со USAID.

Со овој куп во параглајдинг Прилеп ја затвора сезоната на одржување екстремни спортови. Досега се одржаа трки во мото-крос, планински велосипедизам и болдеринг.

– На овој начин Прилеп се етаблира како центар на екстремните спортови кои привлекуѕваат светски спортисти, но и туристи, рече Ристески.

Доколку временски услови се лоши, натпреварот ќе биде отворен во 9:45 часот  на  Трескавец, а потоа ќе се премести на полетиштето Мечкин Камен – Исток во близина на Крушево.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он