Во Прилеп почнува хуманитарниот турнир во мал фудбал

Од:

Прилеп од денеска до 23 овој месец ќе биде домаќин на 3. хуманитарен турнир во мал фудбал што се организира во чест на празникот Св. Никола, патронот на градот.

Овој спортски настан насловен „Сите заедно за спортот“ го организираат  општина Прилеп, Стопанската комора на Македонија и конфекциската фирма „Комфи Ангел“ од Прилеп.

Собраните средства ќе бидат донирани за купување на мамограф за прилепската болница „Борка Талески“.

Во акцијата се вклучени и здруженијата кои делуваат во превенцијата за борба против ракот на дојка „Борка“ и „Животна искра“.

За време на сите 12 дена додека се одржува хуманитарниот турнир, градот Прилеп ќе биде обоен во розево – во знакот на розевите панделки.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он