Во Неготино изложени шампионските пехари на УЕФА

Од:

Во пресрет на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид што на 8 август ќе се игра во националната арена „Филип Втори“ во Скопје, пехарите од Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Супер kупот денеска беа изложени во Неготино.

– Ова е само еден од десетте настани кои ги правиме како промоција на Супер купот, рече меѓу другото Бојан Марковски, претставник на ФФМ.

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов рече дека градот е почестен што е дел од една ваква манифестција.

– Неготино е фудбалски град, ние пред се како Република Македонија сме почестени со Супер купот кој ќе се игра на градскиот стадион во Скопје. Знаеме дека таков фудбалски натпревар до сега во Македонија се нема оддржано, нагласи Апостолов.

Тој се осврна и на условите за фудбал во Неготино.

– Ние имаме еден прекрасен фудбалски терен, како општина работиме и на активирање и на новите соблекувални, веќе е при крај изградбата на новата соблекувална која пред извесно време ја започнавме. Исто така, направивме одредено реновирање на теренот, на трибините. Мислам дека „Вардар“ од Неготино за многу кратко време пак ќе се врати во втората фудбалска лига, информираше градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ