ВИДЕО+ФОТО: Надал по 9-ти пат го освои Ролан Гарос

Од:

Рафаел Надал успеа по 9-ти пат да го освои Ролан Гарос, откако во финалето, со резултат 3:6, 7:5, 6:2, 6:4, го победи вториот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Со оваа победа тој останува на врвот на АТП листата.

Ова не беше нивниот најдобар меч, но Надал во секој клучен момент беше подобар и заслужено ја освои 14-тата Грен слем титула, а со тоа се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа.

nadalRG92

Иако Новак го освои првиот сет, не го искористи моментот во вториот, напротив, физички потполно падна, слабо се движеше, а таа криза, кулминација достигна кон крајот на вториот и почетокот на третиот сет.

nadalRG93

Надал го доби вториот сет со резултат 7:5, а во третиот веднаш поведе со брејк.

nadalRG94

Новак не успеа да ги искористи ни двете брејк топки во два гема на Надал.

nadalRG9142

Повторно следуваше уште еден брејк за Шпанецот за тој да го добие третиот сет со резултат 6:2.

nadalRG915

Иако во четвртиот сет и двајцата направија по еден брејк, Новак грешеше многу почесто. Финалето заврши со двојната сервис грешка на Србинот.

nadalRG914

Надал имаше 44 директни поени и 38 неизнудени грешки, а Новак го заврши мечот со 43 винери и 49 грешки.

nadalRG9147

Надал по овој исход го задржа 100-процентниот учинок добивајќи ги сите девет финалиња кои ги играл на Ролан Гарос.

nadalRG919

За Ѓоковиќ останува сонот да стигне до трофејот на Отвореното првенство на Франција, единствениот кој му недостига од четирите големи светски тениски натпреварувања.

nadalRG9 nadal4ever nadalRG91

 

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари