ВИДЕО: Жесток судир на македонски и хрватски навивачи во Австралија, летаа гајби, шипки и камења

Од:

Натпреварот меѓу екипите на „македонскиот“ тим Рокдејл Илинден и Сиднеј Јунајтед, екипа формирана од хрватски иселеници во Австралија, можеби беше фудбалски мирољубив и заврши 0:0, но на теренот, а особено надвор од стадионот, мечот го одбележаа крајно непријателски судири меѓу навивачите на двете екипи.

Откако имало тензии и меѓу играчите за време на натпреварот, македонските и хрватските фанови потоа се судрија кај еден од влезовите на стадионот и се гаѓаа со се што ќе најдеа: шишиња, гајби, факели, камења, пластични столчиња и метални шипки.

Според шефот на локалната полиција, тензиите започнале кога еден навивач влетал на теренот и се обидел да нападне фудбалер. Тепачка подоцна имало на трибините, каде било користено и ладно оружје, а полицијата по инцидентот пронајде мачета во близина на стадионот.

Во нередите кои траеле неколку часа пред полицијата да успее да ги смири двете групи, уапсени се десетина навивачи, а тројца се повредени, соопшти локалната полиција.

Ова е еден од најголемите инциденти со навивачи во последните години во Австралија, а и покрај долгогодишното ривалство меѓу Рокдејл Илинден и Сиднеј Јунајтед, ретко имало насилство меѓу навивачите на двете екипи, пишуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он