Ужасни сцени се случија на фудбалски натпревар во Ел Салвадор. Загинаа најмалку 12 луѓе во навивачко стампедо на натпреварот од плејофот меѓу екипите на Алинаса и ФАС.
Momento en el que aficionados del alianza intentan ingresar y derribaron el portón en la zona de Sol General del estadio Cuscatlán. pic.twitter.com/pJ5vYUHN7Q
— Santiago Hernández (@santiagohndzKL) May 21, 2023
Трагедијата се случила откако фановите на Алинаса се обиделе преку два влеза да дојдат на трибините на стадионот.
Многу од навивачи спасот се обиделе да го најдат влегувајќи на теренот, па мечот беше прекинат. Информациите се дека голем дел од навивачите имале лажни билети со кои сакале да влезат на трибините.