Бразил ја победи Србија со 2:0 во воведниот меч од Мундијалот во Катар. Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси се држеше еден час, но потоа Бразилците додадоа гас, а фуријата ја најави Алекс Сандро со „бомба“ од далечина која заврши во дирекот на Вања Милинковиќ-Савиќ.
Голманот на Србија спаси водство за Бразил ушѕе на почетокот на второто полувреме, кога Гудељ загуби топка пред шеснаесетникот, а Рафиња излезе сам пред Вања Милинковиќ-Савиќ.
Бразил поведе со 1:0 во 62.минута кога Ришарлисон ја погоди мрежата на Србија. Нејмар продре низ срцето на одбраната на Србија, го проигра Винисиус Жуниор кој шутираше кон голот. Српскиот голман одбрани, но топката се одби директно до Ришарлисон кој од пет метри ја погоди празната мрежа.
Потоа Ришарлисон изведе вистинска атракција, погоди уште еднаш во 73.минута и го реши натпреварот. Фред ја погоди гредата, а Вања Милинковиќ-Савиќ имаше уште неколку одбрани до крајот на мечот.