(ВИДЕО) Снајдер: Направив правилен избор

Од:

Холандскиот фудбалски интернационалец Весли Снајдер кој потпиша за турскиот клуб Галатсарај, иако интерес за него покажуваа неколку екипи од петте најсилни европски лиги, за неговиот избор смета дека е правилен.

– Зошто не потпишав за еден од петте најдобри тимови во Европа? Затоа што јас веќе не сум во најдобрите пет европски фудбалери, ниту пак Интер припаѓа на најдобрата петорка. Тоа беше во 2010 година кога ја освои Лигата на шампионите. Не се сомневам дека доаѓањето во Галатасарај е чекор напред за мене, изјави Снајдер.

Тој очекува да се врати во старата форма преку наметнување со добра работа и редовно играње натпревари.

– Ќе бидам стандарден и тоа во многу силна лига. Галатасарај е голем клуб и ќе имам некои големи соиграчи. Ова е многу важно за мене во пресрет на Светското првенство 2014 година, рече новиот играч на Галатасарај.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ