Шпанија ја оствари најубедливата победа во досегашниот тек од Светското првенство откако ја совлада Костарика со 7:0. Не му дозволија на противникот ниту еднаш да шутне кон нивниот гол, а на спротивната страна до врв ја наполнија мрежата на Кејлор Навас.
Дани Олмо ја отвори серијата во 11.минута, десет минути подоцна погоди Марко Асенсио, а нови десет минути потоа стрелаше и Феран Торес од пенал.
Во вториот дел Феран Торес постигна уште еден гол, а во листата на стрелците се запишаа и Гави, Солер и Алваро Мората.