Шведска стави крај на серијата од 44 натпревари без пораз на САД, совладувајќи го денеска актуелниот светски првак со 3:0 во премиерниот натпревар од групата Г на женскиот турнир во фудбал на Олимписките игри во Токио.
Сензационалната победа на Швеѓанките на Олимпискиот стадион во јапонската престолнина им ја донесоа Стина Блакстениус со два гола и Лина Хуртиг.
Во првиот натпревар од групата Е, Велика Британија го совлада Чиле со 2:0, додека Бразил тргна победнички во групата Ф, декласирајќи ја Кина со 5:0.