ВИДЕО: Надал убедлив против Робредо

Од:

Вториот носител на Отвореното првенство на САД во тенис во Њујорк, Рафаел Надал синоќа без многу проблеми го совлада сонародникот Томи Робредо со 3:0 во сетови.

Во шпанската пресметка во четвртфиналето Надал на Робредо му препушти само четири гема – 6:0; 6:2 и 6:2 и во полуфиналето ќе игра против Французинот Ришар Гаске, кој со 3:2 во сетови го победи шпанскиот тенисер Давид Ферер (6-3, 6-1, 4-6, 2-6, 6-3).

Робредо немаше сили за уште едно изненадување откако во претходното коло го елиминира Рожер Федерер.

Во женска конкуренција исто се одиграа два четвртфинални меча.

Викторија Азаренка (Белорусија) ја победи Даниела Хантукова (Словачка) со 6:2 и 6:3 по сетови, додека Флавиа Панета беше поуспешна во мечот на две Италијанки од Роберта Винчи со 6:4 и 6:1 по сетови.

Азаренка во полуфиналето ќе игра против Панета.

Денеска на програмата се другите четвртфинални мечеви кај мажите: Новак Ѓоковиќ (Србија) игра против Михаил Јужни (Русија) и Енди Мареј (Велика Британија) против Станислав Вавринка (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ