ВИДЕО: Мајсторија на Теодосиќ против Будуќност, додаде со глава и си поигра со противникот

Од:

Кошаркарска Европа е навикната да гледа вонсериски мајсторства од еден од најдобрите плејмејкери на Стариот континент, Србинот Милош Теодосиќ.

Но, дури и за неговите способности и стил на игра, потегот што го направи на вчерашниот натпревар против Будуќност во кошаркарскиот Еврокуп беше, во најмала рака, неочекуван.

Во моменти од средбата во кои победникот веќе беше одлучен, а Киндер имаше недостижна предност, расположениот Теодосиќ при една акција комбинираше со еден од своите соиграчи, а топката му ја додаде со глава, пред во продолжението на акцијата самиот да поентира со скок-шут од полудистанца, оставајќи ги по малку збунети не само противничките кошаркари, туку и своите соиграчи.

Теодосиќ, кој во март ќе наполни 34 години, брилира во редовите на Киндер, откако минатата година се врати во Европа по релативно неуспешната авантура во НБА лигата, во дресот на ЛА Клиперс.

Киндер убедливо го доби вчерашниот натпревар со 87:65, а Теодосиќ имаше осум поени, шест скока и десет асистенции. Најефикасен кај победникот беше уште еден повратник од НБА, ветеранот Марко Белинели.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ