Фудбалската репрезентација на Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар откако по изведување пенали ја елиминира Хрватска со 4-2.
Влашиќ реализираше на стартот за Хрватите, а Ливаковиќ го одбрани ударот на Родриго. Потоа успешни за Хрватска беа и Ловро Мајер, Лука Модриќ и Мислав Оршиќ, а во четвртата серија за Бразил, Маркињос, го погоди дирекот.
Во регуларниот тек немаше голови, иако Бразилците имаа неколку шанси, но голманот Ливаковиќ беше одличен. Во првото продолжение Нејмар постигна гол за Бразил, но возврати Бруно Петковиќ, со мала помош и од блокот на Маркињос во второто продолжение. Потоа решаваа пеналите, а славеше Хрватска.