Поп ѕвездата, Бијонсе ќе настапи на полувремето, на најатрактивниот спортски настан во САД, „Супербоул“.
На паузата помеѓу втората и третата четвртина од дуелот помеѓу „Балтимое рејвенс“ и „Сан Франциско фортинајнерс“, светската поп дива ќе изведе неколку свои нумери.
Се очекува на сцената да и се придружат и Мишел Вилијамс и Кели Ровленд, што воедно ќе значи дека присутната публика ќе има можност повторно заедно да ја види познатата група „Дестинис чајлд“.
Натпреварот ќе се игра на 3-ти февруари во Њу Ореалнс. Бијонсе на својствен начин го најави големиот дуел од НФЛ-лигата.