ВИДЕО: Aвстралиски тенисер тешко претепан, го удираат додека дека лежи на земја

Од:

Австралискиот тенисер со босанско потекло Бернард Томиќ е претепан пред салон за тетовирање.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како го тепаат двајца мажи додека беспомошно лежи на земја, а видеото од 16 секунди го пренесоа и австралиските медиуми, истакнувајќи дека настанот се случил на Голд Коуст.

На видеото се слуша како маж му вели на Томиќ „стани куче“, пред неуспешно да се обиде да го крене на нозе.

Сепак, не е јасно кога се случил нападот и која била причината за претепувањето на Томиќ.

Австралискиот тенисер, чии корени се од Босна и Херцеговина, бидејќи неговиот татко Ивица е роден во селото Хусин кај Тузла, а неговата мајка Адиса во Брчко, во минатото предизвикуваше бројни скандали, но ретко кој можеше да очекува вакво нешто.

Томиќ моментално се наоѓа на 292. место на АТП-листата, а најдобар пласман во кариерата му е 17. место, во 2016 година. Во кариерата освои четири АТП турнири.

Би можело да ве интересира

Познат тенисер обвинет за малтретирање и демнење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Брутално е претепано момче во атинското предградие Неа Филаделфија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Постар маж во Велес со стап брутално го претепа своето куче

Орце Костов

Прво го истепале, а потоа го натерале да му препише стан на еден од грабнувачите

(ВИДЕО) Претепаниот Кадриески од Струга, откако се почувствува Бугарин, посака да се лекува во Софија

Орце Костов

Бугарско МНР: Фактите ќе покажат дали случајот во Струга е кривично дело од омраза

Орце Костов